ОУ "Kузман Jосифоски - Питу"
КИЧЕВО
Училиште со душа
Site Search:
 

 

ДОМА ЗА НАС УЧЕНИЦИ АКТИВНОСТИ КОНТАКТ

Лична карта на училиштето

 Основното училиште "Кузман Јосфиоски-Питу" - Кичево е воспитно-образовна институција за основно образовани на деца, со седиште на улица "4-ти Јули" б.б во Кичево, регистрирано во Судски регистер во Окружен стопански суд во Скопје под бр. 8355/94 год.

ОУ "Кузман Јосифоски-Питу" Кичево, под ова име почна да работи на 15.11.1961 година, а претходно под името "Херој Карпош".

Новата училишна зграда располага со доволен број на наставни и пропратни простории, со што се створени услови изведување на квалитетна и современа настава.

Новиот објект сеуште не е опремен со потребниот инвентар, но се прават напори за негово соодветно опремување со инвентар, наставни и нагледни средства, така што со комплетирање на опремата во училиштето ќе се применува современа кабинетска настава.

Новата училишна зграда е лоцирана во дворот на поранешното училиште, а главниот влез е од северна страна каде што нема активна сообраќајница, со што е зголемена безбедноста на учениците при доаѓање и заминување од училиштето.

За комплетирање на училиштето како воспитно-образовна установа, недостасува и фискултурна сала, која треба да отпочне да се гради и со нејзината изградба, училиштето ќе прерасне во современа вопситно-образовна институција која ќе ги опфаќа учениците од централното градско подрачје.

 
   
  Privacy Policy   |   Terms of Use