кузман јосифоски - питу
КИЧЕВО
Site Search:
 
ДОМА ЗА НАС УЧЕНИЦИ АКТИВНОСТИ КОНТАКТ
 

АКТИВНОСТИ

 

Одбележaн 50 годишниот јубилеј од работата на ОУ „Кузман Јосифоски – Питу“ во Кичево

 

Со низа свечености на 25.02.2011 година беше одбележан патрониот празник на училиштето „Кузман Јосифоски – Питу“ во Кичево кој оваа година беше организиран во чест на 50 годишниот јубилеј од работата – јубилеј достоен за почит и гордост. На свеченоста присуствуваа и некогашните ученици од ова училиште, а меѓу нив и министерот за надворешни работи во Владата на Република Македонија, Антонио Милошоски, поп-дивата Калиопи Букле, пратеникот во македонскиот парламент Илија Китаноски, Градоначалникот на Општина Кичево Благоја Депостоски и други.

Настанот беше обележен со богата културно уметничка програма во која зедоа учество ученици од повеќето одделенија во училиштето. Преку песна, игра, драми, рецитал, балети скеч, учениците ја претставија работата на секциите и своите афинитети кон некоја од нив.

Беше распишан литературен и ликовен конкурс во кој учествуваа учениците и ги искажаа своите таленти и афинитети.

На литературниот конкурс со наслов „Кузман – идеолог – визионер“ беа поделени следните награди:

    – Прво место: Сара Лазарова VIII-2 за поетската творба со наслов „Кузман – гордост македонска“;

    – Второ место: Евгенија Јанеска III-1 за поетската творба со наслов „Моето училиште“;

    – Трето место: Емилија Дејаноска VIII-2 за поетската творба со наслов „Смртта те казни“.

На ликовниот конкурс беа поделени следните награди:

    – Прво место: Мартин Стојановиќ VIII-2;

    – Второ место: Емилија Вељаноска VII-2;

    – Трето место: Христина Танеска V-1.

Беше промовирана и монографијата „Половина век воспитно – образовна работа ОУ „Кузман Јосифоски –Питу“ Кичево, книга која е сублимат на сите случувања во ова училиште во изминатите 50 години. Во книгата е опфатен периодот од почетоците на просветителската дејност во Кичево и Кичевско во изминатите години. Монографијата е плод на повеќемесечна работа на група автори. Покрај големиот број информации за функционирањето на училиштето, монографијата е збогатена и со повеќе фотографии од речиси сите генераци што го завршиле своето осумгодишно образование во ова училиште.

– Чест и задоволство е да се биде прв човек на училиште во кое се образувале многу познати имиња, меѓу кои и универзитетски професори, академици, министри, пратеници, лекари, инженери, познати естрадни уметници и многу други. Околу 6.000 кичевци дел од своето образование го стекнале токму тука. Ова училиште ќе продолжи да биде лидер во воспитно-образовниот процес и најдобар пример за другите училишта, како во градот, исто така и во републиката. Резултатите од досегашната 50 годишна работа се обврска за сегашните и идните генерации да продолжат уште поуспешно – рече пред присутните на прославата на јубилејот, директорот на училиштето Орце Наумоски.

ОУ „Кузман Јосифоски – Питу“ и понатаму ќе биде место каде што се родиле многу другарства, пријателства, скриени погледи полни со копнеж, детски згоди и незгоди, првите симпатии, првата љубов и многу тајни заробени во незаборавот. Но, исто така ќе продолжи да биде расадник на знаењето и втемелувач на основата на понатамошно образование.

Велигденски хепенинг

 

Во предвечерието на големиот христијански празник Велигедн во ОУ„ Кузман Јосифоски-Питу„ беше организиран хепенинг на кој беа изложени украси,ракотворби изработени со вредните раце на учениците со помош на своите наставници, родители. Организатор на настанот се учениците , вработените во училиштето , заедно со Советот на родителите. Благодарение на оваа соработка Велигденскиот хепенинг имаше голема посетеност.Училишното другарување беше збогатено со пригодна музичка програма. Хепенингот го посетија и двајца од актерите од претставата „11 детски приказни“. на Аматерскиот драмски театар„Кочо Рацин“ ....

Основното училиште "Кузман Јосифоски -Питу" Кичево врши упис на ученици во прво одделение за учебната 2011/2012 година во рамките на новата концепција за деветгодишно основно воспитание и образование. Уписот на првоодделенците е во тек.

Според Законот за Основно образование во прво одделение се запишуваат сите деца кои до крајот на календарската година ќе наполнат шест години (родени 2005 година)

Детето исто така може да се запише во прво одделение доколку наполни 6 години до 31 јануари 2012 година, по претходно барање на родителот и добиено мислење од педагогот или психологот во училиштето.

Услови за упис:

Извод од матичната книга на родените без разлика на датум на издавање (копија).

Потврда за примените задолжителни вакцини за детето, издадена од надлежна здравствена установа.

При уписот треба да е присутно детето со еден од родителите.

Уписот ќе се врши од 05.05.2010 година.

 

Проекти

Реализирани проекти:

Во рамките на проектот "Компјутер за секое дете" од МОН инсталирана е електрична мрежа и добиени се метални ормари со напојување за сместување на преносни компјутери, 174 лаптоп компјутери за учениците од прво до четврто одделение и 150 компјутерски станици за учениците од предметна настава.

Бесплатни учебници - проект реализиран од Владата на Република Македонија.

Проект "Образование на сиромашни" - Фондација Институт отворено општество - Снабдување на ученици од невработени родители и самохрани мајки со училишен прибор.

Проекти кои се во тек:


Реализација на проектот за модернизација на образованието:

- Едукација на кадарот во училиштето за:

* Краткорочно и среднорочно планирање

* Примена на современи форми и методи во наставата

* Работа со деца со посебни потреби

* Подобрување на комуникацијата со родителите и учениците

* Проширување на познавањата со странски јазици

* Планирање и реализирање на воннаставни активности

- Подобрување на опременоста на училиштето со наставни и надгледни средства за:

* Овозможување и достапност на иновации и современа технологија во наставата

* Користење на повеќе наставни и надгледни средства

* Набавка на нови, современи наставни и надгледни средства

* Овозможување на ефикасна настава во училиштето.

- ПЕП - проект

* ИКТ примена

* Математика и природни науки

* Унапредување на оценувањето

- Реализација на проектот: "Компјутер за секое дете"

- Обуки: работа со компјутер

 

Регионален тим за учење

 

На ден о7.05.2011 г. во нашето училиште се формира Регионален тим за учење на странски јазици.Покрај наставниците од нашето училиште присутни беа и наставници од училиштата:д-р„Владимир Полежиноски“, „ Санде Штерјоски“, Христо Узунов“-Другово,„ Мирче Ацев“ Лисичани.На оваа прва работна средба беше присутна и координаторката за Унапредување на оценувањето Јелена Јованоска која ја поздрави иницијативата за формирање на тимот.За координатор на Регионалниот тим за учење на странски јазици беше избрана Ели Настеска проф.по англиски јазик од нашето училиште. Покрај конституирање на раководство на тимот ова средба имаше и работен карактер.Беа одржани и две работилници на тема,, Учење преку проекти„ и ,, Објективни тестови,,.Фасилитатор на овие работилници беше Ели Настеска.По презентацијата на фасилитаторот за изработка на стрипови со употреба на ИКТ технологија и интернет и објективните тестови, наставниците активно се вклучија во работилниците, а потоа и во презентација на нивните изработени стрипови ,објективни тестови и во дебатата што следуваше...Исто така наставниците ги споделија своите искуства од праксата.Покрај наставниците и група на ученици ги презентираа своите проекти изработени на часовите по Англиски јазик.

 

ЕКО-УЧИЛИШТЕ


Програмата„Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“односно програмата„ Еко - училиште“ во рамките на нашето училиште треба да се имплементира од наредната учебна година.Таа има за цел да ја менува свеста за заштита на животната средина, како и подигнување на нивото за свесно размислување за значењето кое го има животот во ќиста и еколошки здрава животна средина. Нејзиното чување и одржување се придобивки не само на вработените туку и на сите оние кои се дирекно или индирекно инволвирани во нашето училиште.
Во таа насока денес (12.05.2011 год) во рамките на нашето училиште е формиран Еко - одбор кој брои 22 члена , со што го направивме и првиот чекор кон остварување на целта. Еко одборот го сочинуваат преставници од: наставници, техничкиот персонал, ученици, родители, преставници од ЕЛС...Тој е суштината на целокупната методологија и од него зависи реализацијата на останатите 6 чекори од програмата, а тоа се:
- Анализа на состојбата на животната средина;
- План на активност;
- Следење и евалвација на напредокот;
- Поврзување на заштитата на животната средина во сите видови на наставни предмети ;
- Информирање на пошироката јавност со работата на Еко клубот;
-Изработка на Еко - кодекс.

Членови на Еко-одборот се:
1. Илинка Анѓелеска-одд.наставник- координатор
2. Силвана Димоска -наставник по биологија/хемија- претседател на Еко-одборот
3. Валентина Лазаревска- пом.директор
4.Љубица Папазоска-педагог
5.Верка Јанаќиевска - психолог,
6.Елизабета Колоска - одд.наставник;
7.Радмила Вељаноска - одд.наставник;
8.Маја Јолеска - наставник по германски јазик;
9.Никола Пејоски- наставник по англиски јазик;
10.Иво Цавироски - наставник по географија;
11. Емилија Петреска-преставник од ЕЛС;
12.Никола Танески -преставник од родители;
13.Миланка Најдеска - преставник од родители;
14. Мире Грозданоски - економ-домажин;
15.Љупче Силјаноски - хаусмајстор
16.Јагода Стојкоска - хигиеничар
17.Милена Стојаноска - ученик;
18.Маја Крстеска- ученик;
19.Бисера Сбакоска - ученик;
20.Филип Цветаноски - ученик;
21.Димитар Мицкоски - ученик;
22.Валентина Димоска - ученик.

 

НАТПРЕВАР ПО АНГЛИСКИ ЈАЗИК "SPELLING BEE"

Големи пофалби и до следниве ученици кои успешно го претставија нашиот град и нашето училиште на натпреварот National Spelling Bee:

Марија Арсовска, Филип Наумовски (5-то одд.)
Бисера Србаковска, Иван Петрески, Стефани Крстеска, Димитар Крстески, Иван Цветаноски, Мартин Цветкоски, Виктор Наумоски (6-то одд.)
Теодора Димовска, Маја Крстес
ка, Димитар Илиоски (7-мо одд.)

Поголемиот број од нив беа високо пласирани со што се покажа дека Кичево и ОУ Кузман Јосифоски - Питу дефинитивно беа најдобро претставени пред Македонската и Американската публика. :)

 

 

 

 
 
   
  Privacy Policy   |   Terms of Use